Напаѓачот на англиски Тотенхем, Лукас Мура е повикан во репрезентацијата на Бразил по пауза од повеќе од две години. Тој треба да го заземе местото на повредениот фудбалер на Гремио, Евертон.
26-годишниот Лукас Мура ќе биде во националниот тим на Бразил за натпреварите со Саудиска Арабија и Аргентина.
Бразил и гостува на Саудиска Арабија во петок во Ријад, а тимот се собира денес. Четири дена подоцна „кариоките“ ќе се сретнат со Аргентина на стадион во Џеда.