Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»По Хатајспор, Газиантеп се повлече од првенството и Купот на Турција
    Фудбал

    По Хатајспор, Газиантеп се повлече од првенството и Купот на Турција

    risteBy riste12/02/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Турскиот клуб Газиантеп се повлече од понатамошното натпреварување во Супер лигата и Купот на Турција. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот. Претходно и Хатајспор најави неможност за продолжување на учеството на натпреварувањето.

    „По таква катастрофа, немаме сила да зборуваме за фудбал. Најпрво им посакуваме Божја милост на нашите граѓани кои загинаа во земјотресот, брзо закрепнување на повредените и успешен исход за сите граѓани кои се уште се под урнатините.

    Во овие тешки услови нашиот клуб во моментов не може да продолжи со спортски активности. Согласно одлуката на Управниот одбор, Фудбалскиот клуб Газиантеп одлучи да се повлече од учество во Супер лигата и Купот на Турција во сезоната 2022/2023.

    Веруваме дека нашиот град и нашата земја што поскоро ќе ги залечат раните предизвикани од земјотресот. Им благодариме на сите што сега се со нас за поддршката. Нашиот град ќе продолжи да се бори со верба дека наскоро ќе ги пречека сите љубители на фудбалот и повторно ќе се сретнеме со нашите навивачи“, се вели во соопштението на клубот.

    Да потсетиме, на 6 февруари во Турција се случија серија земјотреси со јачина од 7,8 степени, чии жртви беа повеќе од 10 илјади луѓе. Во моментов спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани од оваа природна катастрофа.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов

    22/03/2023

    Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте

    22/03/2023

    Де Бруин е новиот капитен на Белгија

    22/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ништо од боксерскиот спектакл: Усик и Фјури не можат да се договорат
    • Баерн сака да го купи Кансело, но само под еден услов
    • Доерти со порака до Тотенхем: Не го отпуштајте Конте
    • Де Бруин е новиот капитен на Белгија
    • Уапсен првиот човек на косовскиот фудбал
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.