На крајот на тековната сезона, напаѓачот на Челзи, Педро ќе стане играч на италијанскиот тим Рома како слободен агент, објави фудбалскиот агент Николо Скира на „Твитер“.
Според него, двете страни веќе постигнале договор. Педро ќе потпише договор со Римјаните за период до 2022 година со можност за продолжување на уште една година. Платата на играчот ќе изнесува 3,5 милиони евра.
Вчера Педро го продолжи договорот со Челзи до вистинскиот крај на сезоната односно крајот на јули, лондонскиот клуб официјално го објави тоа. Педро оваа сезона има одиграно девет натпревари во Премиерлигата, постигнато гол и две асистенции.

