Во Реал Мадрид донеле конечна одлука дека ќе се разделат со Иско по завршувањето на оваа сезона, објавија дел од медиумите во Шпанија.
Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе бараат купувач за играчот од средниот ред, кој не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан.
Клубот се надева дека продажбата на Иско ќе ја наполни касата за да има повеќе пари за да земе нов напаѓач од висока класа. Мадридскиот тим нема одлучено дали ќе се фокусираат на Килијан Мбапе од ПСЖ или Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.