Отпуштањето на Томас Тухел од тренерското место во ПСЖ ќе ја искомплицира позицијата на Реал Мадрид во однос на купувањето на Килијан Мбапе.
Како што објави весникот „АС“, потенцијалниот трансфер во Кралскиот клуб на напаѓачот Килијан Мбапе сега е во опасност да не се реализира. Играчот имаше проблематичен однос со германскиот тренер, но неговото отпуштање и поканата на Маурисио Покетино да го води тимот, која беше објавена претходно, може да направи разлика.
Сега е можно Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ, кој се обидува да го задржи со сите сили. 22-годишниот напаѓач сака во новиот договор да го запише износот на откупот што ќе важи за Реал Мадрид, но се очекува тој да биде најмалку 250 милиони евра. Од Реал Мадрид се надеваа фа го купат Мбапе следното лето за 180 милиони евра.

