Фудбалерите на Интер синоќа останаа непоразени на гостувањето кај Порто во реваншот од осминафиналето на ЛШ, откако на домашен терен претходно славеа со 1:0. Интер за првпат по 12 години ќе игра во четвртфиналето на најсилното клупско натпреварување.
Последен пат „нероаѕурите“ стигнаа до четвртфиналето во сезоната 2010/2011 и тука ја завршија својата европска претстава. Тогаш италијанскиот тим, кој беше актуелен освојувач на турнирот, се сретна со Шалке и загуби од германскиот клуб со вкупен резултат 7:3.