Трката ХалкЕко Скопје трча 10км, ќе се одржи на 7ми мај (недела), со почеток во 09:00 часот. Стартот и целта ќе бидат на булеварот „Илинден“ кај фонтаната „Лотос“.
Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Работнички и Триатлон федерација на Македонија а главен партнер е Халкбанк АД Скопје. Покровители на трката се Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт. За првите 5 места во машка и женска конкуренција, ќе има парични награди. Пријавените тркачи стартните пакети ќе можат да ги подигнат на 5ти и 6ти мај (петок и сабота), од 11 до 19 часот, во СЦ Борис Трајковски, кај влезот спроти лизгалиштето.
На самиот ден на трката, недела, низ улиците на Скопје ќе има посебен сообраќаенрежим. Улици и булевари кои ќе бидат затворени од 08:00 часот до 11:00 часот на 7 мај:- булевар „Илинден“ ( во двете насоки) од раскрсницата со булевар „Климент Охридски“ до раскрсница со улица „Никола Парапунов“ и улица „Никола Парапунов“ од раскрсница со булевар „Илинден“ до раскрсница со булевар „Партизански одреди“