Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»По седми пат низ улиците на Скопје се трчаше „ХалкЕко Скопје трча 10км“
    Домашен микс

    По седми пат низ улиците на Скопје се трчаше „ХалкЕко Скопје трча 10км“

    risteBy riste07/05/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Граѓаните на Скопје и нашата земја денес имаа можност да учествувата на уште една атлетска трка низ улиците на Скопје.Трката која се здоби со сертификат од Светска атлетика и АИМС, ХалкЕко Скопје трча 10км, утрово се одржа по седми пат. Околу 1500 натпреварувачи ја започнаа трката од фонтаната „Лотос“ и на истото место ја завршија оваа 10 км. трка.

    ХалкЕко Скопје трча 10км е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, ко-организатори се Триатлон федерација на Македонија и А.К. Работнички, под покровителство на Агенција за млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на трката е Халкбанк АД Скопје.

    Победник во машка конкуренција на седмото издание на оваа трка е Дарио Ивановски со време од 30:22 минути, на второто место се најде Тирон Мамуша од Албанија за 32:29 минути, додека трката трет ја заврши Иван Пешовски за 32:53 минути.

    Кај дамите целта прва ја помина Билсерин Сулејман од Бугарија за време од 36:58 минути, второто место и припадна на Биљана Кираџиева од Србија за време од 38:54 минути, додека пиедесталот го надополни Маринела Цекова од Бугарија која ја зврши трката како третопласирана за 40:30 минути.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига

    27/05/2023

    Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига

    27/05/2023

    Кугларите со победа завршија со настапи на Светското првенство во Вараждин

    25/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.