Ноќеска беа одиграни четири натпревари од новата сезона во НБА лигата. Имаше мали возбудувања на некои од натпреварите, но генерално немаше изненадувања и фаворитите забележаа победи.
Ноќта започна со битката меѓу Вашингтон и шампионот Бостон Селтикс. Шампионите немаа проблеми и го забележаа вториот успех во сезоната, победувајќи со 122:102.
Во вториот натпревар во вечерните часови, Далас се соочи со Сан Антонио. Лука Дончиќ заврши со дабл-дабл во успехот на неговата екипа со 120:109.
Во најочекуваниот дуел на вечерта помеѓу Денвер и Оклахома, гостите ја покажаа својата класа и си заминаа со убедлива победа со 102:87.
Најнезивесен беше дуелот меѓу Сакраменто и Минесота. Овде Минесота дојде до победа во драматичен финиш со 115:117.