Нашите најдобри ракометари денеска против Аргентина ќе го одиграат решавачкиот меч за пласман во главната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска.
Двете земји досега загубија од Норвешка и Холандија а според гол-разликата, избраниците на Кире Лазаров мора да одат на победа додека „гаучосите“ ќе ја исполнат целта ако во најмала рака извлечат нерешено. Македонија против селекциите од Јужна Америка има 3 победи сите против Чиле и два пораза од Бразил.
Мечот во Краков меѓу Македонија и Аргентина ќе започне од 18:00 часот во „Таурон Арена“. За деталите, слушајте на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.