Македонската фудбалска репрезентација се искачи на 62. место на ФИФА листата за март. Денеска беше објавен најновиот ранкинг на ФИФА на кој Македонија бележи скок од пет места.
Овој скок се должи пред се на победата над Италија од 1:0 во Палермо во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар.