Македонската фудбалска репрезентација по вчерашната голема победа на теренот на Германија се проби на второто место во групата „Ј “ веднаш зад лидерот Ерменија која има максимален фект.
Ние и „пацирите“ сега имаме по 6 бодови, Романија и Исланд по 3 а Лихтенштајн е последен без бод. Последниот дел од квалификациите за Мундијалот ќе биде од сепетември до ноември годинава. По нив првопласираните репрезентации од групите ќе играат на Светското првенство а второпласираните ќе играат бараж-двомеч.
Еве го и распоредот за избраниците на популарниот Мрме.
2 септември: Македонија – Ерменија
5 септември: Исланд – Македонија
8 септември: Македонија – Романија
8 октомври: Лихтенштајн – Македонија
11 октомври: Македонија – Германија
11 ноември: Ерменија – Македонија
14 ноември: Македонија – Исланд

