Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино ќе оствари разговори со претседателот на тимот Даниел Леви следната недела, за да ги чуе плановите на клубот за иднината. Почетино го донесе Тотенхем до третото место во Премиер лигата и по третпат во последните четири сезони под негово раководство Тотенхем заврши во ТОП 3 и ќе игра во Лигата на Шампионите. Аргентинскиот специјалист се смета за еден од најдобрите тренери во светот.
Почетино смета дека раководството треба да “преземе одредени ризици”, за да продолжи развојот на тимот.
“Морам да разговарам со претседателот. Имам јасна идеја што е потребно. Не знам дали од раководството на клубот ќе се согласат со мене, или не, но следната недела ќе се сретнеме за да разговараме за работите кои треба да ги направиме заедно“, вели аргентинскиот стратег.