Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино може да го преземе италијанскиот фудбалски гигант Милан во текот на летото, пишува „Кориере дела Сера”.
47-годишниот Почетино се споменува како замена Џенаро Гатузо, а аргентинскиот стручњак е цел број 1 на извршниот директор на Милан, Иван Газидис.
Милан во моментов го завзема четвртото место во калчото, но освои само 1 бод во последните три натпревари и ризикува да го загуби своето место во Лигата на шампионите, ако оваа негативна серија продолжи.
Почетино има договор со Тотенхем до летото 2023 година. Реално интерес за него имаше и од Реал Мадрид. Лондончани во моментов се на третото место во Премиер лигата и исто водат сериозна борба за пласман во Лигата на Шампионите.
