Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека неговиот тим не е влезен во криза како што пишуваат медиумите во Англија. Спарси ја започнаа сезоната неубедливо со само две победи на осум натпревари.
„Разочарани сме бидејќи очекувавме многу повеќе триумфи. Има порази што треба да ги заборавиме. Во моментов се обидуваме да ја подобриме нашата игра и да ги добиеме резултатите што ги очекуваме“ – вели Почетино.
„Мора да направиме добра атмосфера и енергија. На дел од натпреварите водевме, но, не успеавме да победиме. Мора да останеме мирни и да им помогнеме играчите да прикажат квалитетни игри“ – вели тренерот на Тотенхем.