Поранешниот тренер на англискиот клуб Тотенхем, Маурисио Почетино може да го преземе италијанскиот тим Рома, пренесува „АС“.
Според истата информација, доколку 48-годишниот аргентински тренер ја одбие понудата, раководството на римскиот клуб ќе продолжи да соработува со досегашниот тренер Пауло Фонсека. Договорот на Португалецот е до 30 јуни 2021 година. Почетино го водеше Тотенхем – од мај 2014 до ноември 2019 година. Под водство на Аргентинецот, лондонскиот клуб стигна до финалето од Лигата на шампионите за прв пат во историјата (во сезоната 2018/2019), каде загубија со 0:2 од Ливерпул. Почетино, исто така, го предводеше тимот до финалето на англискиот Лига Куп 2014/2015 година, каде неговите фудбалери загубија од Челзи 0:2.
Во својата кариера, Почетино ги водеше и англискиот Саутемптон и шпанскиот Еспањол. Рома заврши на петтото место на табелата во Серија А, а беа елиминирани од Лигата на Европа во осминафиналето од Севиља.
