Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, поради конфликтот со судијата Мајк Дин по крајот на дуелот со Барнли кога неговиот состав загуби со 2:1, заработи казна од два меча од страна на Фудбалската асоцијација на Англија.
Тоа значи дека Аргентинецот нема да го води тимот од клупата во дуелите со Саутeмптон и Ливерпул. Почетино е казнет и парично со 10 000 фунти. Самиот тренер призна по натпреварот дека ја поминал границата и веднаш му се извини јавно на Мајк Дин.
По инцидентот ФА го определи Дин да биде четврти судија на дербито меѓу Челзи и Тотенхем, иако тој беше првично поставен за главен судија.