Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурисио Почетино, се осврна на повредата на првата ѕвезда на тимот, Хари Кејн, кој мораше принудно да го напушти вчерашниот меч со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Голгетерот на „спарси“ по дуелот со Фабиан Делф заработи повреда на глуждот и сега ќе мора да оди на дополнителни лекарски прегледи.
„Ќе ги сочекаме прегледите иако сум убеден дека му се повтори старата повреда. Тоа е тажно и разочарувачко“ – изјави Почетино.
„Мислам дека нема да има време да се опорави до крајот на сезоната. Ќе видиме што ќе кажат лекарите“ – изјави тренерот на Тотенхем откако неговиот тим славеше минимално со 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во ЛШ.