Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, уште еднаш истакна дека Лионел Меси е најдобриот фудбалер во светот. Ова дојде како заклучок по поразот на Тотенхем од Барселона со 4:2 во синоќешниот меч од Лигата на шампионите. Аргентинскиот фудбалер реализираше два гола, а исто така на двапати ја погодуваше и рамката од голот на Лорис.
„Меси не ме изненади. Плативме затоа што му оставиме премногу простор за противникот. Барселона има играчи кои се подготвени да ве уништат од вакви ситуации, а Меси несомнено е најдобриот во светот“, изјави Почетино.