Аргентинскиот фудбалски стратег, Маурисио Почетино, кој деновиве доби отказ од кормилото на англсикиот Тотенхем, се наметнува како главен кандидат да седне на клупата на Баерн Минхен, пренесе – „Скај Германија.
Иако нема потврда дека е направен контакт меѓу двете страни, медиумите најавуваат дека тоа ќе се случи брзо и дека Почетино ќе го преземе кормилото на Баварците.
Германскиот состав до крајот на годинава ќе го води Ханс Флик кој е времено решение по заминувањето на Нико Ковач.

