Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Маурицио Почетино, пред завршницата на сезоната вели дека размислува за промена на средината. Неговата изјава доаѓа по само неколку денови откако успеа да го однесе тимот во историското прво финале во елитната конкуренција на Европа.
„За мојата иднина ќе разговараме по финалето во Лигата на шампионите. Мислам дека е вистинско време да завршам едно поглавје“ – потенцираше тренерот на „спарси“.
Неговиот тим на 1 јуни во Мадрид го очекува финалниот меч во Лигата на шампионите против ривалот од Премиер–лигата, екипата на Ливерпул

