Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Муса Сисоко, ќе го пропушти првиот натпревар од полу-финалето против Ајакс во Лигата на шампионите. Мечот е закажан за наредниот вторник на стадионот на „Спарси“.
Играчот на англискот тим се повреди во текот на викендот на дербито со Манчестер Сити и според лексраките прогнози ќе мора да паузира најмалку две недели. Тоа го потврди денеска и менаџерот на тимот, Маурицио Почетино.
Дуелот против Ајакс на 30-ти април ќе го пропушти и казниот Хонг-Мин Сун додека под знак прашалник е настапот на стандарниот Хари Винкс. Што се однесува до рековалесцентниот Лорис, тој најверојатно ќе биде подготвен за настап против „копјаниците“.