Отсуството на Кристијан Ериксен не е причина за поразот од 0:1 на Тотенхем од Њукасл во англиски фудбалски шампионат, изјави менаџерот Маурисио Почетино.
Тој го остави данскиот фудбалер на клупата и го пушти во игра во 62-та минута. Медиумите во Англија веруваат дека Ериксен не игра поради претстојниот трансфер во Реал Мадрид или друг водечки европски клуб.
„Кога губите, отсутните се секогаш најдобри играчи. Јас и Кристијан победивме и загубивме многу натпревари. Ако победевме со 3:0, никој не би споменувал различни имиња”, рече Почетино.
„Не можам да го оправдам резултатот против Њукасл со фактот дека трансфер периодот продолжува да биде отворен насекаде. Не може да се концентрира целиот тим. Знам дека за 10 дена ќе се знае се и работите ќе се расчистат”, додаде Почетино.