Фудбалерите на Тотенхем вчера доживеаа сензационална елиминација од нисколигашот Колчестер во Карабао Купот.
Членот на четвртата по ранг лига во Англија го победи огромниот фаворит по изведувањето на пеналите откако мечот заврши 0:0. По тој неуспех, тренерот на „Спарси“, Маурисио Почетино, најави дека размислува за засилувања.
„Јануари ќе биде можност да ја поправиме ситуацијата. Очигледно дека имаме проблеми кои мора да ги решиме. Во фудбалот мора да правиш промени доколу сакаш да имаш успех. Така ќе биде и во нашиот тим, мораме да направиме корекции“ – изјави тренерот на Тотенхем.