Менаџерот на фудбалскиот состав Тотенхем, Маурисио Почетино, откри дека планирал да си замине од тимот доколку ја освоеше Лигата на шампионите во изминатата сезона. Познато е дека неговиот состав загуби во англиското финале од Ливерпул и дека титулата замина во трезорот на „црвените“.
„Долго време размислував за заминување. Доколку победевме во финалето на ЛШ сега ќе бев во друг тим и со нови амбиции“ – вели Почетино. „По финалето почувствував дека не треба да си одам. Не сум личност која бега од проблемите и тешките ситуации. Сакам предизвици и тоа ме мотивира“ констатира Покетино.