Управата на Тотенхем објави потпишување на нов договор со тренерот на тимот, Маурисио Почетино. Новиот договор на 46-годишниот аргентински стратег ќе биде со важност до летото 2023 година.
Асистентите Хесус Перез, Мигел Д’Агостино и Тони Хименес, исто така, потпишаа нови договори со Тотенхем. Почетино го предводи Тотенхем од 2014 година, а оваа сезона ја заврши на третото место во Премиер лигата со обезбедено учество во Лигата на шампионите.