Менаџерот на Тотенхем Маурисио Почетино откри дека причината неговиот тим да стигне до полуфиналето во Лигата на шампионите се крие во неговата сплотеност. Во исто време тој го пофали и противникот Ајакс.
„Стигнавме до тука, бидејќи бевме тим и ќе бидеме таков. Игравме многу добро – како тим, тоа секогаш е на прво место за нас. Секогаш треба да наоѓаш решенија. Ограничени сме, но секогаш имаме висока почит кон противникот. Ќе биде тешко. Ајакс целосно заслужија да бидат овде во полуфиналето. Се разбира, ќе биде многу тежок, ќе биде магична ноќ, бидејќи пред неколку месеци никој не можеше да поверува дека ќе играме полуфинале на нашиот нов стадион. Ајакс се тим кој навистина заслужува признание. Тренерот и играчите прават фантастична работа. Исто како за нас – никој не веруваше дека ќе стигнат до полуфиналето. Впрочем, ние сме таму затоа што го заслужуваме тоа. Ова е средба каде што е невозможно да се уморни играчите и да не се мотивирани да играт. Психата ќе биде многу важна. Се разбира дека ќе има енергија. Се играат два натпревари, вечерва е само првиот дуел, а вториот е во Амстердам. Многу е важно како ќе влеземе во натпреварот и како ќе се одиграме сите 90 минути, мислејќи дека не очекува реванш”, рече Почетино на прес-конференцијата пред натпреварот.
Натпреварот Тотенхем – Ајакс се игра вечерва од 21 часот на стадионот на Тотенхем во Лондон.