Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, призна дека е многу разочаран од поразот од Интер. Тотенхем водеше до 85-та минута на „Џузепе Меаца“ и беа подобриот тим, но дозволија пресврт по кој веќе се во серија од три последователни порази во сите натпреварувања.
„Задоволен сум од начинот на кој играме. Доминиравме до самиот крај на средбата и беше болно што загубивме. Мислам дека тоа беше нашата најдобра игра оваа сезона”, рече Почетино.
„Се разбира дека повеќе заслужуваме. До изедначувачкиот гол целосно го контролиравме натпреварот, но на стадион како „Џузепе Меаца“ секогаш може да се случи нешто неверојатно во последните минути. Кога сте во тежок период, не е лесно да стоите на нозе. Можете само работите да бидат уште потешки”, продолжи Почетино.
„Ние направивме грешка и плативме за тоа. Понекогаш ќе се извлечете, но во последните натпревари, секоја грешка беше фатална за нас. Така е во фудбалот. Сега сме во лоша серија, но важно е да се смириме и да се подготвиме за следниот меч. Мораме да гледаме напред”, заврши Почетино.