Статистиката вели дека ПСЖ игра најслабо кога на теренот од првата минута ја има ѕвездената фудбалска тројка- Меси, Мбапе и Нејмар.
Тие беа стартери на девет мечеви од кои „светците“ победија на само четири што е 44%. На три пак, тимот претрпе порази и тоа од Рен (2-0), Манчестер Сити (2-1) и Нант (3-1).
Друга е приказната кога Мбапе, Меси и Нејмар не започнале заедно. Тогаш екипата од „Паркот на принцовите“ имала успех на 74% од средбите а претрпела само еден пораз и тоа од Лил во почетокот на август во Супер-купот на Франција.