Денеска, во 71 година од животот почина Благоја Истатов, еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња.
Еден голем човек, кој во својата, голманска кариера настапувал за екипите на Беласица од Струмица, Победа од Прилеп, но и белградски Партизан, и холандски Утрехт.
Освен фудбалската Истатов имаше и тренерска кариера, и тоа во повеќе клубови во Македонија. А во еден период беше и тренер на голманите во македонскиот национален тим.