Легендарниот напаѓач на Баерн Минхен и германската репрезентација, Герд Милер почина денеска на 75-годишна возраст, објави баварскиот клуб.
„Денес, нашиот свет престана. Жалиме за Герд Милер, кој почина во неделата наутро на 75-годишна возраст “, се наведува на веб-страницата на Баерн.
Милер, кој постигна 68 голови на 62 натпревари за Западна Германија, боледуваше од Алцхајмерова болест од 2015 година.
Го носеше дресот на Баерн од 1964 до 1979 година, а со Баварците беше петкратен шампион на Германија и трикратен шампион на Европа.
Со Западна Германија, тој беше светски шампион во 1974 година и европски шампион две години претходно.