Утринава стигна информација од ФК Црвена Ѕвезда дека ноќеска починал Легендата на југословенскиот фудбал и на Црвена Ѕвезда, Драгослав Шекуларац – Шеки. Популарниот Шеки не напушти во својата 81. година, пренесуваат српските медиуми.
Еден од најдобрите фудбалери кои некогаш играле на овие балканските простори е роден во Македонија , односно во Штип во 1937 година. Во дресот на „црвено-белите“ дебитираше во 1955 година, а одигра вкупно 470 натпревари и постигна 119 гола. Освои седум титули во националното првенство и пет куп титули.

Во дресот на репрезентацијата на Југославија одигра 41 натпревар и шест пати се запиша во листата на стрелци.
Како тренер дебитираше на клупата на Црвена Звезда во сезоната 1988/89, а веќе наредната година ја освои двојната круна.
Го нарекуваа „кралот на дриблинзите“, Шекуларац беше втората звезда на Црвена Звезда по Рајко Митиќ, а сите ќе го паметат како виртуоз и мајстор на фудбалската игра. Пред неколку години беше во својот роден Штип каде беше направен спомен обележје кое го носи неговото име.

