Поранешниот француски тренер,Жерард Улие, кој остави посебен белег во англискиот Ливерпул, почина на 73-годишна возраст, објавија медиумите низ Европа. Тој пред неколку дена имаше операција на срцето.
Улие во 2001 година успеа со „црвените“ во една сезона да освои 5 пехари – Купот на УЕФА, ФА Купот, Лига Купот, Комјунити Шилд и Супер-купот на Европа.
Улие во еден период беше селектот на Франција а последниот тим во кој работеше беше Лион во 2011 година.

