Фудбалскиот состав Манчестер Сити објави дека тренерот Пеп Гвардиола доживеал голема семејна трагедија откако починала неговата мајка која ја загубила битката со корона-вирусот. Долорес Сала имала 82-години а информациите велат дека била позитивна на Ковид-19.
„Семејството Манчестер Сити со голема тага објавува за смртта на мајката на Пеп Гвардиола, Долорс Сала Карио откако се заразила со коронавирус. Таа имаше 82 години“ – стои во соопштението на „граѓаните“.
Според информациите од Шпанија, само денеска починале 637 лица а од појавата на пандемијата дури 13.055 лица.