Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !
    Фудбал

    Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !

    risteBy riste08/02/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По долга и тешка борба со карциномот, утрово во Загреб почина едно од најголемите фудбалски имиња во Хрватска и регионот, легендарниот Мирослав Чиро Блажевиќ.

    Легендарниот фудбалски тренер почина на ден пред да наполни 88-години по долга борба со ракот. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот пат за жал не успеа.

    Со тренерската работа започна во далечната 1982  година кога на Динамо Загреб, по 24 години чекање, му го донесе трофејот во шампионатот на Југославија. Следната сезона го освои и пехарот „Маршал Тито“ во Купот на Југославија, а подоцна во хрватското првенство со клубот од „Максимир“ беше шампион во 1993 и 2003 година. 

    Блажевиќ беше и шампион на Швајцарија, откако во сезоната 1983/84 со Грасхоперс беше најдобар во првенството, а една деценија претходно ја предводеше екипата на Сион до трофејот во Купот Швајцарија.

    Иако не дојде до трофеј, сепак неговиот најголем тренерски успех веројатно беше како селектор на Хрватска на Светското првенство во Франција во 1998 година, кога хрватската репрезентација под негово водство го освои третото место. Како селектор, една деценија подоцна успеа да ја оживее репрезентацијата на БиХ, но сепак не успеа да ги одведе на Светското првенство во Јужна Африка.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Дијаз ќе се врати во татковината

    24/03/2023

    Холанѓанецот го пофали Рашфорд

    24/03/2023

    Халанд е на испитување во Барселона

    24/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Дијаз ќе се врати во татковината
    • Холанѓанецот го пофали Рашфорд
    • Халанд е на испитување во Барселона
    • Муслиу доби дозвола да ја напушти селекцијата
    • КФСМ ја одреди казната за Смилковски
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.