Андрија Делибашиќ, некогашен фудбалер на репрезентацијата на Црна Гора и белградски Паризан, почина денеска на 44-годишна возраст.
Поранешниот напаѓач на белградските „црно-бели“ почина две години откако му беше дијагностициран тумор на мозокот.
По Партизан, Делибашиќ играше за Мајорка, Бенфика, Брага, АЕК, Беира Мар, Сосиедад, Херкулес, Рајо, Рачабури и Сутјеска.
За црногорската репрезентација настапи 21 пат и постигна шест гола.

