Денеска во Скопје во организација на Македонската Традиционална Карате Федерација започна 36. Европски шампионат и куп во традиционално карате за сите возрасти.
Пред точно 20 години во 2004 година МТКФ за првпат беше организатор на ова големо натпреварување, па сега европскиот шампионат повторно е во Скопје, овој пат во СЦ Јане Сандански.
Натпреварите стартува денеска од 11.00 часот. На европскиот шампионат учество ќе земат учество 15 земји со над 350 натпреварувачи.
![](https://sportskoradio903.com.mk/new/wp-content/uploads/2024/04/07d1080d-139f-4b8f-b5b6-9c56098d85b4-1024x768.jpg)