Со натпреварот меѓу Италија и Белгија, вечерва во 21 часот започнува 33. Европско одбојкарско првенство во машка конкуренција. Оваа година, Македонија е еден од четирите домаќини и организатори на настанот, со тоа што една од четирите групи од првата фаза на првенството ќе се одигра во Скопје, поточно во СЦ „Борис Трајковски“.
Најдобрите четири селекции од секоја од четирите групи ќе се пласираат во осминафиналните дуели. Македонија на претходните две првенства не успеа да ја мине првата фаза, а главаната цел токму на ова ЕП е пласман во осминафиналето.
Нашата репрезентација настапот на ова ЕП го почнува во среда од 20 часот во нашата најголема арена против селекцијата на Данска. Билетите се во продажба и нашите одбојари очекуваат голема поддршка од трибините.
ГРУПА „Ц“ – СКОПЈЕ (СЦ Б. Трајковски)
НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНИЈА:
30 август – 20:00 Македонија – Данска
2 септември – 20:00 Македонија – Црна Гора
3 септември – 20:00 Полска – Македонија
5 септември – 17:00 Македонија – Холандија
6 септември – 20:00 Македонија – Чешка