Лигашката одбојкарска сезона влегува во завршна фаза. Пред нас се финалните серии во сениорските првенствени конкуренции по коишто ќе бидат прогласени прваците за сезоната 2022/23. Струмица Никоб и ГОК Борец денеска ја почнуваат финалната серија кај мажите. Мечот се игра од 18 часот и 30 минути во салата „Парк“.
Ден потоа првиот натпревар во серијата до три победи ќе го одиграат Работнички Скопје и Јанта волеј во рамките на женското финале.
Прва лига (мажи), финале
Струмица Никоб – ГОК Борец (четврток 18.30, МРТ-3)

