Денеска стартуваше првиот меѓунарoден фудбалски турнир „Илинден Куп 2023“ кој за првпат од ваков ранг се организира во Македонија. Станува збор за турнир на кој ќе настапат 115 екипи од клубови и фудбалски школи од Македонија, но и гости од Србија, Белгија и Романија.
Екипите се поделени во повеќе возрасни категории од 8 до 12 години. Натпреварите ќе се одржуваат на два големи фудбалски терени, поделени на повеќе помали терени.
Турнирот е во органзиација на фудбалската школа „Гроздановски“.