Со седум натпревари денеска од 17 часот стартува новата сезона и во единствената Втора македонска фудбалска лига.
Годинава, за разлика од минатите сезони, ќе имаме една единствена Втора лига со 16 клуба кои ќе се борат за промоција во елитата. Вардар, Гостивар, Беласица, Пелистер се вбројуваат во главните кандидати за двете места кои водат директно во ПМФЛ и третото кое обезбедува бараж.
Во денешното прво коло Вардар гостува на Арсими во Гостивар, Беласица гостува на Детонит јуниор, а Гостивар, пак, ќе биде гостин на скопска Локомотива која откако ја купи лиценцата на пехчевскиот второлигаш, во есенскиот дел ќе настапува под името Пехчево.
Кожуф-Пелистер
Арсими-Вардар
Охрид-Тетекс
Детонит Плачковица-Беласица
Караорман-Воска
Пехчево-Гостивар
Каменица Саса-Беса
Среда од 17 часот:
Борец-Слога Виница