Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Почнува осминафиналната битка во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Почнува осминафиналната битка во Лигата на шампионите

    sasoBy saso13/02/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денеска повторно се враќаат фудбалските возбудувања во Лигата на шампионите. По двомесечна пауза на програмата се дуелите од осминафиналето, кои вечерва ни носат први две пресметки во битка за трофејот.

     фаворити за трофејот – Манчестер Сити и Реал Мадрид.

    Актуелните европски шампиони, Манчестер Сити гостуваат во Копенхаген, додека „Кралскиот клуб“ гостува кај РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас.

    Реал имаше одлично загревање за дуелот победувајќи го директниот ривал за титулата во Ла Лига, Џирона со 4-0 на домашен терен. Сепак, успехот на „кралевите“ остана во сенка на повредата на Џуд Белингем. Англискиот интернационалец постигна два гола, но беше принуден да го напушти теренот, а според информациите сега го чека пауза од околу еден месец.

    Во меѓувреме, Манчестер Сити, кој стигна до посакуваниот трофеј на најпрестижниот клупски турнир во Европа минатата година по победата од 1-0 над Интер, има навидум лесна задача против дански Копенхаген. „Граѓаните“ ја продолжуваат битката на три фронта, затоа што се на чело на Премиер лигата, имаат шанси да го одбранат трофејот од ФА Купот и секако да ја одбранат титулата во ЛШ. За РБ Лајпциг на нашиот Елмас денешниот дуел и реваншот ќе бидат исклучителен предизвик за успех.

    ЛИГА НА ШАМПИОНИ

    ОСМИНАФИНАЛЕ (први средби)

    21.00 ФК Копенхаген – Манчестер Сити

    21.00 РБ Лајпциг – Реал (М)

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.