Вечерва се враќаат и возбудувањата во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА и тоа со т.н. плеј-оф коло за место во осминафиналето. И во двете натпреварувања има неколку интересни пресметки.
Во фокусот на европската фудбалска јавност во вториот по квалитет турнир на УЕФА ќе биде пресметката на „Камп Ноу“ каде ќе се судрат европските гиганти Барселона и Манчестер Ј. Двата тима важат за фаворити на турнирот, но ждрепката сакаше тие уште во оваа фаза да ги одмерат силите, по што еден тим ќе мора да се збогува од натпреварувањето. Италијански Јувентус, пак, по сите турбуленции денеска го пречекува француски Нант во првата битка за осминафиналето.
Во Конференциската лига на УЕФА, за нас веројатно најинтересно ќе биде да ги проследиме настапите на тимовите во кои има наши интернационалци. Трабзонспор на Енис Барди во првиот меч е домаќин на екипата на швајцарски Базел, додека Иван Тричковски и неговата АЕК Ларнака на домашен терен вечерва го пречекуваат украински Днипро.
ЛИГА НА ЕВРОПА, ПЛЕЈ-ОФ:
18.45 Ајакс – Унион Берлин
18.45 Барселона – Манчестер Јунајтед
18.45 Салцбург – Рома
18.45 Шахтјор – Рен
21.00 Баер (Л) – Монако
21.00 Јувентус – Нант
21.00 Севиља – ПСВ
21.00 Спортинг (Л) – Митјиланд
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-ОФ
18.45 Бодо/Глимт – Лех Познањ
18.45 Брага – Фиорентина
18.45 Карабаг – Гент
18.45 Трабзонспор – Базел
21.00 АЕК Ларнака – Днипро-1
21.00 Лацио – Клуж
21.00 Лудогорец – Андерлехт
21.00 Шериф Тираспол – Партизан