Денеска стартува решавачката плеј-оф рунда за влез во групната фаза од најквалитетното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Програмата вклучува по три натпревари кои ќе се играат вечерва и утревечер со почеток од 21 часот.
Вечера, полскиот шампион Раков ќе се сретне со данскиот првак ФК Копенхаген, шкотски Глазгов Ренџерс е домаќин на првата пресметка со холандскиот гигант ПСВ Ајндховен, додека Антверпен ќе биде домаќин во првиот меч со грчки АЕК.
Утре во рамките на продолжението на плеј-офот се среќаваат и Макаби Хаива – Јанг Бојс, Молде – Галатасарај и Брага – Панатинаикос.