Денеска почнува првата фаза од продажбата на билетите за Европското фудбалско првенство во 2024 година, чиј домаќин ќе биде Германија.
До 26 октомври, кога трае првата фаза, ќе бидат ставени во продажба 1,2 милиони билети.
Цените се движат од 30 евра за билети за натпреварите од групната фаза до 1.000 евра за најскапите билети за финалето во Берлин.
Во првата фаза ќе бидат достапни најголемиот број билети кои ќе можат да ги купат германските навивачи, бидејќи само за таа фаза од натпреварувањето е јасно кога и каде ќе игра домашната екипа.
Точните термини на останатите натпревари ќе бидат познати по 2 декември кога во Хамбург ќе се одржи ждрепката на ЕП.
Секој навивач може да се бори за четири билети во оваа прва фаза, а датумот на купување не е важен, бидејќи бројот на купувачите ќе се одредува со лотарија во случај на зголемен интерес.