Последниот Грен слем турнир во тековната сезона, УС Опен, започнува денеска во Њујорк. Без еден од најдобрите во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ, улогат ана главни фаворити на машкиот турнир ќе ја преземат Русинот Медведев и Шпанецот Рафаел Надал.
Светскиот рекет број 1 Данил Медведев ќе ја брани минатогодишната титула и има совршена ждрепка за непречено да се пробива на турнирот дури до самата завршница. Првата посериозна пречка за него би требала да дојде во осминафиналето, каде потенцијален ривал може да му биде Ник Кирјос.
Вториот суперфаворит во левата половина од ждрепката е Стефанос Циципас, кој го победи Данил во Синсинати. Сепак, мора да потсетиме дека Циципас во Њујорк никогаш не отиде подалеку од третиот круг.
Во долната половина од ждрепката, прв фаворит е Рафаел Надал. Шпанецот оваа година освои два Грен слем турнири и има најголеми шанси да го преземе врвот на АТП листата по УС Опен. Но, тој неодамна се врати на терените откако ги скина стомачните мускули, а загуби на првиот меч во Синсинати. Ако Надал е во пристојна форма, тогаш има одличен пат да стигне најмалку до полуфиналето.
Рускиот бр. 2 тенисер, Андреј Рубљев, кој испадна од топ 10 пред УС Опен е еден од потенцијални ривали на Шпанецот. И третиот носител Карлос Алкарас исто така влезе во долната половина од ждрепката. Тој во третото коло има можна средба со шампионот од Синсинати, Борна Чориќ, што треба да биде главниот настан во првата недела од турнирот.