Со полуфиналните натпревари во машка конкуренција, денеска во салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе започне завршниот Ф4 турнир од одбојкарскиот Куп на Македонија.
Третопласираниот тим во домашниот шампионат, екипата на Вардар во првото денешно полуфинале ќе игра против ланскиот финалист Универзитет во Тетово, додека Шкендија, која го крена пехарот во 2011, а годинава е втора на табелата во шампионатот, ќе се сретне со бранителот на двојната круна Струмица 47&72.
Најуспешниот тим кај нас, Струмица 47&72, се надева на осмиот куп-трофеј и како голем фаворит влегува во овие завршни борби.
Македонски одбојкарски куп (мажи), полуфинале (петок, 8.април)
16.00 Вардар – Универзитет во Тетово
19.00 Шкендија – Струмица 47&72