„Да ја раскажеме нашата фудбалска приказна на светот е од огромно значење“, потенцираше претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал Мишехал, кој воедно ја најави кандидатурата за Мундијалот во 2034 година.
„Постигнавме невиден напредок и за мажите и за жените а нашата понуда е отворена покана до светот да ни се придружи на ова возбудливо патување. Следниот чекор во процесот е доставување на целосните документи за апликација до ФИФА во јули“ – потенцираше Мишехал.
Изборот на домаќините за Светските шампионати во 2030 и 2034 година ќе се одржи на Конгресот на ФИФА на крајот на годинава.

