Екипите во Серија „А“ засега се поделени во три групи кога станува збор за судбината на фудбалскиот шампионат кој е во прекин поради пандемијата на корона-вирусот.
Шест клубови бараат да се прекине сезоната, тоа се: Торино, Удинезе, Сампдорија, Џенова, СПАЛ и Бреша. Дел од нив се наоѓаат на дното на табелата и се надеваат дека може да се спасат од испаѓање. Јувентус, Лацио, Рома, Наполи, Верона, Парма, Сасуоло и Лече, најавиле дека се подготвени да ги одиграат сите мечеви додека позицијата на: Интер, Аталанта, Милан, Болоња, Калјари и Фиорентина засега не е јасна.
Денеска екипите од Калчото реализираа средба на која се разгледувала одлуката за намалување на платите на играчите и можните датуми за рестартирање на првенството.

