Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе добие понуда да се пресели или подобро речено да се врати во редовите на Јувентус.
29-годишниот Французин кој има договор до јуни, ќе мора да прифати намалување на платата за околу 50 проценти доколку се определи да замине во Торино. Играчот од средниот ред во англискиот клуб добива околу 15 милиони евра годишно а Јуве ќе му дава максимално 7-8 милиони со бонуси.
Погба во сезонава постигна еден гол и направи девет асистенции на 27 натпревари одиграни во сите конкуренции.